Новости

Трансфер-маркет новости

И како што веќе навикнавте, продолжуваме со претставување на играчките “освежувања” во редовите на нашиот тим, реализирани во рамки на тековниот преоден рок (претходни две: овде и овде). Уште едно топло добредојде, за уште еден повратник во црвено-жолтиот дрес, старо-новиот лав Ален Јашароски (27), кој ќе го засили нашиот тим по успешната соработка со ФК Приштина. “Убаво е да се вратиш кај своите. Среќен сум што сум повторно на овој терен и во овој дрес! Верувам дека можам...
Повеќе

Трансфер-маркет новости

По објавувањето на првото “освежување” на клупата во тековниот преоден рок (објава на следниот линк), ред е да го претставиме и второто име кое изминатите денови го засили нашиот тим. Топло добредојде му посакуваме на Лука Трајкоски (19), “младата крв” на крилна позиција во нашиот состав, кој со својот огромен потенцијал како еден од најдобрите млади играчи на ФК Победа од Прилеп изминатата сезона, ќе добие шанса за уште поголем напредок во црвено-жолтиот дрес. “Среќен сум за моето...
Повеќе

Трансфер-маркет новости

И додека летните горештини им пркосат на подготовките за претстојното квалификациско лето (повеќе инфо на следниот линк), со задоволство ви ги претставуваме “освежувањата” на клупата во Ѓорче, кои во рамки на тековниот трансфер-период го засилуваат нашиот тим. Топло добредојде му посакуваме на Ермедин Адем (28), повратник во нашите редови, кој по претходната соработка со екипата на ФК Ренова, повторно го облекува лавовскиот дрес. “Се вратив дома! Среќен сум што сум повторно во Ѓорче, во добро позната средина и...
Повеќе

Лига Европа – квалификациски ждреб (1. коло)

Како што најавивме на самиот крај на сезоната 2018/19, краток беше периодот за одмор на лавовите, кои гладни за нови триумфи веќе се подготвуваат во европски ритам за претстојното прво квалификациско коло од Европа Лигата за сезона 2019/20. И додека нашите момци неуморно коваат план до својата нова цел, полека наближува почетокот на жешкото квалификациско лето, па така денес во Нион беа извлечени и двојките кои ќе се спротивстават во рамки на првото коло од квалификациите. За противник,...
Повеќе

Најава за натпревар – 35. коло

Во рамки на претстојното 35. коло од ПМФЛ, нашите играчи во Ѓорче ја пречекуваат екипата на Силекс, како увертира на спектаклот во среда – финалето во Купот на Македонија. Натпреварот ќе се одигра денес – 19.05.2019 година, на Стадионот Ѓорче Петров, со почеток во 16:30 часот. Ве повикуваме заедно да ги поддржиме нашите “лавови” во борбата за нови бодови и значајна победа на „своја територија“. Очекувана временска прогноза: топло време, со температура од околу 25°C.